Британската влада заплени два приватни авиони во сопственост на рускиот олигарх и нафтен тајкун Јуџин Швидлер, јави Би-Би-Си.
Британскиот министер за транспорт Грант Шапс рече дека „Пријателите на Путин не треба да уживаат во луксуз додека умираат невини луѓе во Украина“.
Швидлер е на списокот за санкции поради неговите деловни врски со сопственикот на Челзи, Роман Абрамович. Неговата нето вредност се проценува на 1,45 милијарди евра, објави британската влада. Запленетите авиони се проценуваат на околу 55 милиони евра.
Извор: МИА