ВМРО-ДПМНЕ: Кај зградата Тифани власта приватизира уште едно државно земјиште по истиот принцип како кај НИП-от по багателна цена

Од:

„Ново скандалозно приватизирање на државно земјиште се случува во општина Центар на кое треба да никне 6 катна зграда. Трите парцели од стотина метри квадратни во близина на зградата „Тифани“ експресно се процесирани од страна на институциите со цел да се приватизираат. Надлежните, министерство за Финансии на чело со Бесими и Владата на чело со администраторот Ковачевски молчат за овој скандал“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој скандал доаѓа речиси дваесет дена откако по истиот принцип беше приватизирано атрактивно земјиште од околу 700 м2 во близина на НИП Нова Македонија по багателна сума од само 7 евра по метар квадратен. Тогаш властите глумеа изненаденост и наивност и ветуваа дека ваков случај нема пак да се повтори.

Но не само што излажаа, туку истиот модел го спроведуваат во итна постапка на уште поатрактивна локација, непосредно до градскиот плоштад.

Властите кријат по која цена ќе го отуѓат ова државно земјиште, бидејќи реалната вредност е исклучително висока и останува неодговорено дали повторно се подготвува нова далавера во која државното земјиште ќе се продаде по екстремно ниска цена и супер попуст од која некој добро ќе се офајди.

Заради бизнис политички интереси во Центар се случува урбан хаос, за кој мора да одговараат СДСМ и ДУИ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет