Локалните украински власти денеска соопштија дека градот Славутич, во кој живеат работниците кои се ангажирани во одржувањето на нефункционалната нуклеарна централа во Чернобил, е „целосно изолиран“, со руски сили кои се во непосредната околина на границите на градот.
Во соопштението на администрацијата на регионот Киев се наведува дека „Славутич е целосно изолиран, а непријателот се наоѓа на 1,5 километар од градот“.
Советникот на украинскиот претседател Алексеј Арестович денеска изјави дека украинската армија го одбила првиот напад на руските сили врз градот Славутич.
Чернобил – местото на најголемата нуклеарна несреќа во 1986 година – не е во функција, но бара постојано одржување.
Руските трупи веќе во првите неколку дена од војната го окупираа Чернобил и ги задржаа работниците таму со недели да продолжат со работа, но некои од нив добија дозвола да заминат.
Извор: МИА