Ковачевски: НАТО и ЕУ обединети во одговорот на воената агресија на Русија и поддршката за Украина

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски на Вонредниот самит на НАТО на шефови на држави и влади, истакна дека руската воена агресија во Украина е неиспровоцирана и неоправдана и сериозно кршење на меѓународното право.

Северна Македонија се придружува кон повиците до Русија веднаш да ја прекине воена акција и да ги повлече сите воени трупи и капацитети од Украина и ја поздрави храбрата одбрана на Украина која ја штити слободата на своите граѓани и суверенитетот на државата.

Во таа насока Северна Македонија силно го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во нејзините меѓународно признати граници и нивното право слободно да ја избираат својата надворешнополитичка ориентација и безбедносни аранжмани.

Премиерот Ковачевски потенцираше дека во овие несигурни времиња, гордост е да се видат сите придобивки од единството на НАТО и ЕУ во одговорот на воената агресија на Русија во Украина кои вклучуваат и важни чекори за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на алијансата.

Премиерот Ковачевски истакна дека Северна Македонија обезбеди хуманитарна помош и медицински материјали за Украина, и дека е подготвена да ги прифати украинските бегалци кои би дошле во земјата.

Премиерот Ковачевски посочи дека внимателно се идентификувани и се следат агресивните активности на Русија и во регионот на Западен Балкан, и дека тие имаат за цел да ги поткопаат угледот и довербата во НАТО и ЕУ, да предизвикаат безбедносна криза која ќе влијае на стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и да создаде дилема околу стратешката улога на НАТО и ЕУ во регионот.

Ковачевски укажа дека НАТО и ЕУ мора да го задржат кредибилитетот на своите политики во регионот за дополнително зајакнување на безбедноста.

Претседателот на Владата на Северна Македонија потенцираше дека политиката на отворени врати на НАТО беше историски успех кој обезбедува траен мир и безбедност на целиот Европски континент, наспроти отсуството на кредибилна европска и евроатлантска перспектива за Западен Балкан која може да има повеќекратни негативни тенденции.

Ковачевски дополни дека проширувањето на ЕУ ќе ја зголеми безбедноста и ќе ја консолидира демократијата и затоа е од исклучителна важност за Северна Македонија и Албанија да започнат преговори за пристапување во ЕУ, без натамошни одложувања.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски за операцијата „Вивалди“: Елиминиравме 10.600 Руси за една недела

ВИДЕО: Русија го нападна Киев, загина маж, повредени деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Украина најавува „Армија на роботи“

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт