„Бучим“ ги отфрла наводите за перење пари и корупција, групацијата вклучена во борбата против корупција

Од:

„Солвеј инвестмент груп“, сопствениците на рудникот „Бучим“ во Македонија, тврдат дека нивната групација е цел на дезинформации во интернационалните медиуми по објавите дека во периодот од 2007 до 2015 година заедно со 23 компании поврзани со нив направиле стотици трансакции во вредност од 1,9 милијарда долари означени како сомнителни. Од „Бучим“ за „А1он“ велат дека не се дел од меѓународна мрежа за перење пати и дека групацијата работи законски и кај нас и во светот.

„Што се однeсува до неодамнешните пласирани дезинформации во интернационалните медиуми, ‘Солвеј инвестмент груп’ категорично ги отфрла наводите за перење пари и корупција. Групацијата постапува и работи во согласност со важечките национални закони и меѓународни регулативи, а воедно и презеде активности со кои ќе помогне во борбата против корупцијата во согласност со очекувањата на швајцарската влада. Групацијата соработува со сите медиуми, ги разгледува и одговара на сите медиумски барања за коментари и дополнителни информации, но уште еднаш би потенцирале дека ‘Солвеј’ категорично ги отфрла изнесените наводи кои се без фактичка основа. Немаме информации дека некој орган на обвинителството уточнил какво било наше погрешно однесување. Оперативната активност на ДПТУ Бучим ДОО Радовиш подлежеше на ревизорски активности и истраги, но не и на обвинителни постапки. Активностите на Групацијата внимателно се надгледуваат, како од националните регулаторни тела, така и од меѓународните ревизорски и сертификацски агенции“, велат од „Бучим“.

Компанијата „Солвеј инвестмент груп“ во чија сопсотвеност е рудникот „Бучим“, е дел од меѓународен скандал за перење пари за кој објавуваат повеќе медиуми во светот. Репортерите на меѓународната истражувачка мрежа „Забранети приказни“ објавија дека „Солвеј“ и 23 компании поврзани со нив во периодот помеѓу 2007 и 2015 година направиле стотици трансакции во вредност од 1,9 милијарда долари означени како сомнителни. Трансакциите биле опишани како плаќање за заеми, парите си ги пренесувале меѓу себе, ги префрлале во иста недела или ден и цитирале исти или слично именувани договори. Податоците од банките со кои работеле „Солвеј“ и 23 – те компании поврзани со нив излегоа на шведскиот радиодифузер СВТ, а новинарите ги истражуваа како дел од проектот „Рударски тајни“.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривични пријави за четири лица осомничени за „перење пари“ и „приредување на игри на среќа без лиценца”

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“

Апсења за измама во Прилеп: Осомничените фиктивно вработувале бремени жени и переле пари

A1on

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

Акција „Синџир“: 28 фирми переле пари и затајувале данок – испрале над седум милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ

Тодоровиќ потпишувал и група од 15 лица переле пари преку Италија – со Воинот на коњ, лавовите проневериле над 16 милиони евра

Анита Петровска Рајковиќ