Полицијата уапси државјанин на Косово кој во Македонија е осомничен за злосторничко здружување и перење пари

Од:

Управата за финансиска полиција извести дека денес на граничниот премин „Долно Блаце“, при обид за влез во РСМ, е уапсен С.А., државјанин на Р.Косово, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Злосторничко здружување“ и кривично дело „Даночно затајување“.

„Од страна на овластени службени лица од Управата за финансиска полиција, лицето веднаш е превземено и изведено пред судија на претходна постапка од каде му е определена мерка притвор во времетраење од 30 дена, по што истиот е спроведен во КПУ Куманово.

Притворањето е продолжение на акцијата од 25 август, кога беа притворени седум лица, како резултат на сложена предистражна постапка спроведена од страна на Управата за финансиска полиција, под раководство и во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК, во рамки на која беа превземени низа мерки и активности и беше обезбеден обемен доказен материјал, што резултираше со поднесување на кривична пријава против 13 физички лица и 10 правни лица, за сторени кривични дела: злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари и други приноси од казниво дело, со што е предизвикана огромна штета на државниот буџет во висина од над 430 милиони денари“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

И стави пиштол в рацете на малолетната ќерка, па бараше таа да пука во него

А1он

Во Полска уапсен тинејџер осомничен за планирање терористички напад

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он