Италија бара ЕУ да се осигура дека Кина ќе посредува за мир во Украина

Од:

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави денеска дека Европската унија мора да комуницира со Кина, со цел да се осигура дека работи на посредување за мир во Украина и да престане да ја поддржува руската инвазија.

Драги во Парламентот изјави дека Самитот на ЕУ со Кина, кој ќе биде одржан на 1 април, мора да ги нагласи очекувањата на блокот дека Пекинг ќе биде конструктивен и ќе се залага за мир.

„Основно е ЕУ да биде „компактна“ во одржување на отворен простор за дијалог со Пекинг, така што на конструктивен начин ќе придонесе во меѓународните напори за посредување“, изјави Драги.

Тој додаде, дека ЕУ мора да ги повтори нејзините очекувања Пекинг да се воздржува од поддршка на Москва и активно и со авторитет да учествува во мировните напори.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски