Руските војници во Украина добија статус на воени ветерани

Од:

Државната Дума денеска усвои закон со кој на учесниците во „воената операција“ во Украина им се доделува статус на воени ветерани.

Претходно овој статус го имаа ветераните од војните во Авганистан, Чеченија и Сирија, што овозможува различни бенефиции, но и месечни приходи.

Нацрт-законот беше предложен од владејачката партија Единствена Русија.

Претседателот на Думата, Вјачеслав Володин изјави дека олеснувањата се однесуваат на плаќање данок, транспортни, катастарски и комунални обврски.

Рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари почна воена операција за „денацификација“ и „демилитаризација“ на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни