ВМРО-ДПМНЕ: Затворањето на Кам маркетите удар за граѓаните кои пазарат поевтино, дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата

Од:

„Под чудни околности се затвора еден од најголемите ланец на маркети каде граѓаните пазарат поевтино. ВМРО-ДПМНЕ претходно предупреди дека работата на УЈП е погрешно насочена и политички мотивирана“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доведени се во прашање стотици работни места, додека олигарсите од власта продолжуваат да печалат на грбот на народот.

Власта на СДС и ДУИ е должна да одговори дали зад ваквиот чекор стои политичка нарачка и елиминација на конкуренцијата на структури блиски до власта?

Дали власта е свесна дека затворањето на Кам маркетите е удар за граѓаните кои пазарат поевтино?

Дали е точно дека се работи за нарачка директно од зградата на Илинденска за спас на коалицијата на власт, и заштита на еден од финансиерите на кампањата на политичка партија од власта?“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ