Германија одбива да го запре снабдувањето со руски енергенси

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повторно ги отфрли повиците за бојкот на снабдувањето со руска енергија по нападот на Русија врз Украина.

Шолц изјави дека санкциите воведени кон Русија веќе се одразуваат на нејзината економија и дека секој ден ќе биде се подраматично.

Тој додаде дека санкциите се дизајнирани на долг рок да бидат толерантни за оние кои ги воведуваат и затоа ставот на Германија за енергетски бојкот останува непроменет.

Шолц додаде дека Германија работи на диверзификација на снабдувањето со енергија и дека, иако ќе биде потребно време, на крајот ќе го има истиот ефект како и бојкотот.

Европските земји секој ден и плаќаат на Русија стотици милиони долари за увоз на фосилните горива. Украинските власти велат дека трговијата ефикасно ја финансира руската војна против нивната земја.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот