ВМРО-ДПМНЕ: Дарко Каевски, исто како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски е пример како во политиката се влегува како голтар, а се излегува милионер

Од:

„Дарко Каевски, исто како и Зоран Заев и Димитар Ковачевски е пример како во политиката се влегува како голтар, а се излегува милионер. Дарко Каевски на само 30 години, без еден ден работа во реален сектор, само од функционерска плата успеал да се стекне со 4 милиони во банка и 1 стан“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дарко Каевски.

„И додека врсниците на Каевски едвај врзуваат крај со крај, тој ниже милиони. Принципот на Каевски е копија на неговите шефови Заев и Ковачевски.

Ковачевски беше косопственик во фирми за фотоволатици, а синот на Заев сега отвори фирма за трговија со струја и на само 18 години влезе во овој милионски бизнис.

Заеви се влезени во бизнисот со марихуана, тие ја злоупотребија позицијата и се стекнаа со лиценци. СДСМ е партија класичен пример како од голтари прави милионери“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ