Борел : Не очекувам нови санкции против Русија оваа недела

Од:

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека министрите за надворешни разговарале за можни нови санкции во енергетскиот сектор, но не очекува одлука оваа недела, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пред почетокот на денешниот министерски совет за надворешни работи, повеќе министри на ЕУ изјавија дека поддржуваат воведување санкции врз нафтата, јаглен, а за некои и гасот од Русија. Но Германија, која е многу зависна од рускиот гас, го блокира овој предлог сега за сега.

Шефот на ЕУ дипломатијата, Борел, изјави дека неколку министри ја отвориле темата за време на состанокот во Брисел денес.

-Меѓу бројните теми, некои земји членки ја отворија темата поврзана за енергијата, денес не беше ден за одлуки, но оваа и други можни мерки се анализираа. Треба да смислиме ефикасен одговор кој нема да донесе неподнослива цена за земјите членки, изјави Борел.

Тој додаде дека лидерите на земјите членки на крајот на оваа недела на самитот најверојатно ќе разговараат исто така за овие теми и потоа ќе дадат политички насоки, но рече дека не очекува лидерите да се усогласат за нов пакет санкции.

Според некои извори Русија бара укинувањето на санкциите да биде дел од евентуален иден мирен договор, но шефот на ЕУ дипломатијата не сакаше да се произнесе на оваа тема вечерва на прес конференцијата.

-Нема да шпекулирам за тоа што ќе се случи со преговорите за прекин на огнот, но инсистирам да се стопира војната. Сите војни имаат крај и тој крај се постигнува преку договор. Првиот чекор е прекин на огнот. Санкциите се начин да се изврши притисок и тие навистина и внесуваат штета на руската економија, рече Жозеп Борел.

Тој нагласи дека зависноста од Русија се инструментализира од нејзина страна и дека треба да и се стави крај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион