Три нови случаи на оштетување македонски возила во Грција

Од:

Три македонски семејства кои одлучиле својот одмор и празниците да ги поминат во соседна Грција повторно се соочија со оштетувања на возилата.

Како што соопшти МВР, на 2 август на Граничниот премин „Богородица“, Ѓ.Х. кој патувал со патничко возило „Југо корал“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека комплет табличките му биле украдени во туристичкото место Неа Пори. Оштетениот го пријавил случајот и во грчката полиција.

Други два случаи се пријавени на 3 август на Граничниот премин „Стар Дојран“. Во првиот М.Д. кој патувал со патничко возило „Мерцедес“ со беровски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Полихроно, со спреј му била прекриена ознаката МК, но случајот не го пријавил и во грчката полиција. Во вториот случај, исто така на Граничниот премин „Стар Дојран“, Ж.К. кој патувал со возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Лептокарија, му биле украдени комплет табличките, а кражбата ја пријавил и во грчката полиција.

Со овие новорегистрирани случаи, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција евидентирани се 32 одземања, односно кражби на регистарски таблички во кои во повеќето или во 23 случаи се украдени обете таблички. И натаму предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 7 случаи.

Од вкупниот број случаи – 24 се пријавени од страна на македонски државјани и на грчката полиција, но досега, како што информираат од МВР, се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Осумнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски