Помалку од една третина од Словенците се задоволни од својата Влада, а мнозинството не очекуваат подобрување на економската состојба во државата во наредната година, покажа анкетата која ја објави љубљанскиот неделник „Дело“.
Словенечката Влада, која е формирана во март годинава не ја поддржуваат дури 62 отсто од испитаниците, а задоволни од нејзината работа се 31 отсто од граѓаните.
Само 13 отсто од граѓаните во анкетата спроведена врз 402 испитаници верува во подобрување на економската ситуација во државата во наредните 12 месеци, 32 сметаат дека таа ќе остане истата, додека 53 отсто очекуваат влошување.
Според анкетата спроведена кон средината на минатата седмица, две третини од Словенците веруваат дека една од идните мерки на Владата на премиерката Аленка Братушек ќе биде воведување на т.н. кризен данок на сите примања.