Албанската влада презеде мерки за справување со енергетската криза, кои опфаќаат исклучување на уличното осветлување во населените места, како и на дел од националните патни правци.
Министерката за енергетика Белинда Балуку најави дека по 24 часот ќе се гасне осветлувањето на нацонални патишта а по полноќ и општните во Албанија ќе бидат во „мрак“ бидејќи ќе ги исклучат светлата кои не претставуваат неопходност.
-Владата одлучи да преземе низа мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија почнувајќи од самите јавни институции или други јавни структури. Побаравме од Агенцијата за патишта и Електродистрибуција да го прекинат осветлувањето на националните патишта, меѓу кои Тирана – обиколница Драч, Плепа-Каваја-Рогожина, Ќаф Кашари-меѓународен аеродром „Ринаси“, Лин-Поградец, обиколницата Скадар, патот Корча-Ерсека, мостот Гајдар-Ќафа е Ѓашт, како и други патни правци, рече Балуку.
Додаде дека по 24 часот од општините ќе биде побарано да ги исклучат светилките кои не претставуваат потреба и побара разбирање за ова неопходна мерка.
-Ќе се свртиме кон увозот на електрична енергија, во неповолна хирдолошка ситуација која е горе-долу иста во целиот регион. Зборуваме за затворен циклус, гасот и нафтата се со високи цени. Поради оваа причина ќе треба да трошиме што е можно помалку енергија, за да не се почувствува недостиг. Го повторивме тоа неколку пати и веројатно е аргумент што треба да се сподели, посочи таа.
Додаде дека владата одлучила да ги заштити претплатниците од домаќинствата и малите бизниси, за кои нема повиска цена на струјата.
-Мора да се разбере дека сите мора да штедиме, соочени сме со факт дека количините се ограничени. За да не се соочиме со ситуација на прекини, сите заедно да дадеме можност да ја одржиме цената и да имаме можност да заштедиме. И оваа криза ќе ја поминеме заедно како и другите, изјави министерката за енергетика Белинда Балуку.
Извор: МИА