Како заштитно лице на „Булгари“, Карла Бруни се враќа на голема врата во светот на модата. Накитена со луксузни парчиња накит, славната бринета повторно ја покажува на светот својата софистицирана убавина.
Истовремено, поранешната прва дама на Франција го подготви четвртиот студиски албум, за уште еднаш да ја освои европската музичка сцена.
Петте години на позиција на прва дама на Франција беа вистинско уживање за Карла Бруни, сопруга на Никола Саркози, кој на чело на државата беше од 2007 до 2012 година.
После поразот на поранешниот француски претседател на последните општи избори, 45- годишната Карла полека се враќа на стариот живот.
Во светот на модата повторно зачекори благодарејќи на кампањата за куќата „Булгари“, нејзин прв таков ангажман од кога нејзиниот сопруг не е во претседателскиот кабинет.
Во елегантна гардероба и беспрекорна шминка и фризура, Карла е самоуверена додека на љубителите на накит, часови, чанти и очила за сонце со етикети на познатата команија им ги претставува најновите модели.
– Многу сум горда и среќна што ме одбраа да ја претставувам линијата Haute Joaillerie, рече Карла Бруни, чии претходнички беае Џулијан Мур и Рејчел Вајс.
Исто така, на музичката сцена се враќа овие денови затоа што конечно е готов нејзиниот четврти студијски албум насловен Little French Songs.