Макроата во Германија ги врбуваат украинките кои избегаа од војната

Од:

Макроата и трговците со луѓе во Германија ја користат војната во Украина и регрутираат украински бегалци за проституција, па министерката за внатрешни работи Ненси Фезер најави остри мерки против криминалците и зголемена заштита на несреќните жени.

Во Германија досега пристигнаа околу 200.000 бегалци од Украина, главно жени и деца. Макроата или трговците со луѓе ги намамуваат претежно помладите жени на станици и пред канцелариите на странците нудејќи им бесплатно сместување и пари.

„Овие напади се за најостра осуда“, изјави Фезер во неделата за Bild am Sonntag.

Таа најави зголемено присуство на униформирани и цивилни полицајци на контролните пунктови каде пристигнуваат бегалците како што се железничките и автобуските станици.

„Секој што ќе се обиде да ја искористи маката на бегалците мора да биде свесен дека ќе одговориме на сите законски мерки што ни се на располагање“, рече Фезер.

Би можело да ве интересира

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин