Украинска телевизија: Исчезната е наша новинарка, веруваме дека ја држат руските сили

Од:

Украинската телевизија Хромадске објави дека нивната новинарка Викторија Рошчина исчезнала на југоистокот на земјата. Медиумот верува дека ја држат руските сили. Последен пат од телевизијата се слушнале со неа на 12 март, ден откако објавила текст од градот Енерходар, кој е окупиран од руските сили.

Украинската комесарка за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека владата верува дека Рошчина е киднапирана во градот Бердјанск на брегот на Црното Море, кој исто така е под руска окупација.

Си-Ен-Ен наведува дека Хромадске е мала телевизиска станица која почнала да работи во 2013 година, а е поврзана со протестите на Мајдан во Киев кои започнаа таа година.

Исчезнувањето на новинарката беше пријавено во време кога други активисти и функционери информираа дека биле приведени во делови на Украина кои ги контролира руската армија. Според организацијата за човекови права ЗМИНА, од почетокот на војната од руските сили заробиле околу 17 лица.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков