Фудбалерите на шампионот Вардар на стартот од новото првенство постигнаа убедлива победа од 4:1 против повратникот во Првата лига, екипата на Македонија Ѓорче Петров.
Најдобар играч на синоќешниот последен натпревар од првото коло беше најдобриот стрелец од ланското првенство Јован Костовски, кој постигна хет – трик.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати:
Металург – Работнички 0:0,
Гостивар – Брегалница 0:1,
Напредок – Ренова 1:1,
Пелистер – Еуромилк 1:0 и
Шкендија – Хоризонт Турново 0:3.