Трагедија во Луганск: Од урнатините извлечени телата на мајка и на нејзините две деца

Од:

Според украинските медиуми, по гранатирањето во градот Рубижне во областа Луганск, загинала мајка со две деца. Третото дете е извлечено од урнатините и е во стабилна состојба.

По гранатирањето на местото на настанот излегле спасувачи кои веднаш започнале со акција на извлекување од урнатините.

– Две деца без знаци на живот беа извлечени од урнатините, спасувачите изведоа реанимација, но, за жал, по пристигнувањето, персоналот на брзата помош констатира смрт се вели во соопштението на Украинската служба за итни случаи.

„Спасувачите продолжиле со потрагата под урнатините и пронашле жена и уште едно дете. Медицинскиот персонал констатирал смрт на жената. Детето е спасено, неговата состојба е стабилна“, соопшти Државната служба за итни случаи.

Украинската агенција додава дека седум цивили загинале, а петмина се ранети во вчерашниот минофрлачки напад врз градот Макарив во Киевската област.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков