САД приземјуваат 100 авиони кои ги прекршуваат американските санкции

Од:

Американското Министерство за трговија ќе наложи денеска приземјување на 100 авиони кои неодамна полетаа кон Русија и за кои се верува дека ја прекршуваат американската извозна контрола, вклучително и авион што го користел рускиот бизнисмен Роман Абрамович.

Списокот, во кој имале увид западни медиуми, вклучува 99 авиони „Боинг“ управувани од руски патнички и товарни превозници, вклучително и Аерофлот, Ер Бриџ Карго, Утаир, Нордвинд, Азур Ер и Авиастар-ТУ, како и оној на Абрамович – Gulfstream G650, што дополнително може да ги попречи руските напори да продолжат со извршување меѓународни летови.

Американското Министерство за трговија соопшти дека ќе ги предупреди компаниите и другите субјекти во светот дека полнењето гориво, одржувањето, поправката или обезбедувањето резервни делови или други услуги, ги прекршува американските извозни контроли и ги подложува компаниите на американски присилни мерки кои може да вклучуваат значителни затворски казни, парични казни, губење на извозни привилегии или други ограничувања.

Во соопштението на Министерството се наведува дека оваа акција значи оти меѓународните летови од Русија за споменатите авиони се всушност суспендирани.

Министерката за трговија на САД, Џина Раимондо истакна дека Министерството ја објавува оваа листа со цел да ја информира меѓународната јавност дека нема да дозволи руски и белоруски компании и олигарси да патуваат неказнето, кршејќи ги американските закони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте