Со пет натпревари кои беа одиграни попладнево започна 22.то издание на фудбалскиот шампионат на Македонија, односно сезоната 20013/2014 во Првата македонска фудбалска лига.
Единствено немаше голови на дуелот во Автокоманда меѓу Металург и Работнички кој заврши 0:0, додека на останатите четири средби стрелците беа поефикасни во второто полувреме.
Во Кичево, екипата на Напредок во дуелот со Реанова, иако по првиот дел имаше негативата од 0:1, сепак успеа да остане непоразена.
Победи на гостински терен остварија Брегалница кај Гостивар и Хоризонт Турново кој во Тетово ја порази Шкендија, додека само Пелистер ја израдува домашната публика совладувајќи го дебитантот Еуромилк.
На арената „Филип Втори’“ во Скопје се игра дербито на колото во кое Вардар е домаќин на Македонија Ѓорче Петров.
Комплетни резултати од 1.коло: Металург – Работнички 0:0, Гостивар – Брегалница 0:2, Шкендија – Хоризонт Турново 0:3, Напредок – Ренова 1:1, Пелистер – Еуромилк 1:0 и Вардар – Македонија Ѓ.П. (во тек).