Рускиот амбасадор во Њу Делхи оцени дека Индија зазема балансирана позиција по однос ситуацијата во Украина

Од:

Индија е свесна за тоа кои се целите на руската специјална воена операција во Украина и оттаму балансираниот став по прашањето, изјави денеска рускиот амбасадор во Њу Делхи, Денис Алипов.

„Индија добро ги знае не само целите на операцијата, туку и генезата на безбедносната ситуација во Европа, сите околности во руско-украинските односи последните години и децении. Тоа се некои од причините зошто Индија зазема прилично избалансирана позиција по однос ескалирањето на ситуацијата за која сме сите ние свесни, истакна тој во изјава за телевизијата „Русија 24“.

Според рускиот дипломат, за разлика од западните земји Индија не ја демонизира Русија за ситуацијата во Украина.

„Индија зазема сопствена неутрална позиција“, рече Алипов.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија