ЕУ одлучи да склучи договор меѓу Фронтекс и Молдавија

Од:

Советот на ЕУ попладнево усвои одлука да потпише договор помеѓу Фронтекс и Молдавија, која не е земја членка на ЕУ, во контекст на руската инвазија на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Договорот ќе биде потпишан денеска, соопштија од Советот на ЕУ, за да може Фронтекс веднаш да пружа оперативна помош во Молдавија. Договорот ќе биде целосно усвоен откако Европскиот Парламент ќе даде зелено светло, што треба да се случи многу бргу.

Агенцијата Фронтекс има за цел да ги поддржи прекуграничните активности на земјите членки и на неколку трети земји, главно на Западниот Балкан, во справувањето со мигранти и бегалци.

Околу 300 илјади украински бегалци се во Молдавија откако почна рускиот напад врз Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ