Иако сте ги пробале сите можни скапи и ексклузивни средства за да се ослободите од мрсната коса без сјај, и ништо не ви помогнало, стилистите ве советуваат да пробате неколку едноставни, но ефикасни совети. Боете ја косата, велат тие. Бојата за коса е хемикалија која ја крева косата од темен, со што се отежнува патот на лачењето на мастите. „Плакнете ја косата со оцет“ е еден од необичните, но широко распространети совети. Оцетот, чајот и сокот од лимон разредени со вода помагаат за намалување на маснотијата бидејќи содржат танинска киселина.
Овесната каша може да ви послужи како маска за коса. Таа е одличен третман за масна коса, бидејќи ја впива маснотијата од коренот, а освен тоа, е ефикасна против првут и го намалува чешањето. Ако сте во брзање, нанесете ја овесната каша по косата и исчеткајте ја.
Добар трик проитв мрсна коса се кадриците. „Брановите“ во косата ја спречуваат маснотијата да се шири. Кога вашата коса е рамна, не постои ништо што би ја стопирало природните масти да лизгаат по влакното.
Како одлично средство против мрсна коса се покажале и производите со нане. Оваа билка е одлична за овој вид на коса, затоа одберете шампони и регенератори кои во себе содржат екстракт од нане.
Честото шампонирање и мрсната коса одат рака под рака, бидејќи колку повеќе шампон користите, толку повеќе кожата произведува маснотии. Затоа, обидете се косата да ја миете секој втор ден.