Кремљ: Многу луѓе во Русија се разоткриваат како предавници

Од:

Кремљ денеска објави дека многу луѓе во Русија се разоткриваат како „предавници“ и го впери прстот кон оние кои поднесуваат оставки и ја напуштат земјата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја даде изјавата еден ден откако претседателот Владимир Путин упати строго предупредување до руските „предавници“ за кои рече дека Западот сака да ги искористи како „петта колона“ за уништување на земјата.

– Во такви тешки времиња… многу луѓе го покажуваат своето вистинско лице. Многу луѓе се разоткрија, како што велиме на руски, како „предавници“. Тие исчезнуваат од општеството. Некои луѓе ги напуштаат своите места, некои го напуштаат активниот работен век, некои ја напуштаат земјата и се преселуваат во други држави. Така се одвива чистењето, изјави Песков.

Тој се осврна на вчерашниот коментар на Путин дека Русија ќе претрпи природно и неопходно „самочистење“ бидејќи луѓето ќе можат „да ги разликуваат вистинските патриоти од ѓубрињата и предавниците“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ