ВМРО-ДПМНЕ: Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции?

Од:

„Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции? Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.

Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?

За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?

Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?

Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?

Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела