Путин за руските олигарси: „Проблемот е што тие се ментално лоцирани на Запад“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин беше гостин на телевизија и им се обрати на Русите кои не ја поддржуваат инвазијата. Тој вели дека Русите „секогаш ќе можат да ги разликуваат вистинските патриоти од злобните и предавници и дека едноставно ќе ги плукаат како комарец кој случајно им влетал во уста“, пишува Sky News.

Тој го обвини Западот дека ја користи таканаречената петта колона руски предавници за да создаде граѓански немири.

„Има само една цел, јас веќе зборував за тоа – уништување на Русија. Убеден сум дека таквото природно и неопходно самопрочистување на општеството само ќе ја зајакне нашата земја“, рече Путин.

Тој се осврна и на руските олигарси кои живеат на Запад.

„Воопшто не ги осудувам оние кои имаат вила во Мајами или на француската ривиера, кои не можат без остриги или таканаречените родови слободи. Проблемот апсолутно не е во тоа, туку, повторувам, во фактот дека многу од овие луѓе се ментално лоцирани токму таму, не овде, не меѓу нашите луѓе, не во Русија“, рече Путин.

„Тоа е она што тие го мислат – знак на припадност кон повисока елита, повисока раса“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски