Воен авион се урна во Италија, загина британски пилот

Од:

Воен авион се урна околу пладне во северна Италија, при што загина британски пилот, а друг е повреден, соопшти групацијата „Леонардо“.

„Се случи воздушен инцидент со авион М-346 кој се урна во близина на Комо“, на северот на земјата, соопшти големата италијанска воздухопловна компанија.

„Причините за несреќата не се познати. По интервенција на спасувачките екипи констатирана е смрт на еден од двајцата пилоти“, наведува компанијата, која ги потврди медиумските извештаи дека загинатиот пилот-инструктор бил британски државјанин, а другиот италијански.

Според италијанските медиуми, несреќата се случила за време на пробен лет, со поаѓање од компанијата Леонардо во Венегон, Супериоре, пред авионот официјално да се предаде на италијанското воено воздухопловство.

Како што е наеведено, авионот се запалил и се урнал на врвот на планина, на надморска височина од околу 2.500 метри.

И двајцата пилоти успеале да се катапултираат пред падот, но едниот загинал, а другиот се здобил со повреди и бил пренесен во болница.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Се урна руски воен авион Су-25

Многу силен земјотрес ја погоди Италија