ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ бара народот да штеди, а тие народните пари ги трошат за кафиња, жардињери и хотелски услуги

Од:

„Власта на СДСМ и ДУИ кажува дека 5 месеци знаеле каква криза и престои на Македонија, а во исто време расипнички трошеле 2 милиони евра за луксуз. Додека народот во редици чека за горива, брашно и масло, за да заштеди некој денар, владата на СДСМ и ДУИ потрошила 300 илјади евра за цвеќиња, кафиња и хотелски услуги“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Само министерството за политички систем раководено од Артан Груби за овие месеци од кога знаеле дека ќе дојде до криза потрошило 30 илјади евра за перење коли, ажурирање веб сајт, жардињери.

Додека власта бара народот да штеди, ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари, а Собранието планира да набавува услуги за мобилни телефони во висина од 11.800.000 денари и сето тоа го плаќаат со народни пари.

Овие и уште десетици други случаи покажуваат дека власта на СДСМ и ДУИ безмилосно троши народни пари додека граѓаните осиромашуваат. Ете затоа власта на СДСМ и ДУИ одбива да ја намали акцизата на горивата за 50%, за да може да собира пари кои потоа ќе ги троши на кафиња, режано цвеќе, набавки на жардињери и хотелски услуги“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски