Турската полиција синоќа употреби солзавец и водени топови против помали групи антивладини демонстранти во центарот на Истанбул.
Демонстрантите се обиделе да поминат од околните улици до плоштадот Таксим, но околу него бил поставен кордон, бидејќи турските власти претходно забранија масовни собири.
Демонстрантите скандирале антивладини пароли, а не се забележани судири со полицијата.
Бранот протести во Турција започна во јуни против плановите на власта да ги исече дрвјата во паркот Гези во централниот дел на Истанбул. Протестите прераснаа во немири, во кои пет лица загинаа, а илјадници се повредени.