Регистрирани вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели од средината на февруари

Од:

Вкупно 3.000 кибер напади врз украински цели се регистрирани од средината на февруари, според Виктор Жора, заменик-претседател на агенцијата за кибер безбедност SSSCIP во таа држава.

Многу од нападите, речиси сигурно од Русија, имаа за цел да ги исфрлат давателите на интернет услуги и другите комуникации, како и владините и финансиските служби паралелно со воената офанзива на Москва, додаде Жора.

Рекордниот број беше „275 во еден ден“ на 15 февруари пред почетокот на војната, изјави тој.

Повеќето беа напади со цел да се спречи функционирањето на услугата.

-Нападот врз Виасат, компанија за сателитски комуникации, на крајот на февруари, што ја прекина услугата во Украина и на други места, е под истрага од Украина, рече Жора, како и, наводно, од американската Агенција за национална безбедност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид