Британија забрани извоз на луксузни стоки во Русија и воведува нови увозни царини

Од:

Велика Британија објави дека ќе го забрани извозот на луксузни стоки во Русија и ќе воведе нова царина од 35 отсто за руски увоз во вредност од 900 милиони фунти, вклучувајќи вотка, метали, ѓубрива и други стоки.

Таквиот потег следува по серијата економски санкции што ги најави британската Влада за да го казни рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата врз Украина. Натамошни санкции против богатите Руси треба да бидат објавени подоцна.

– Нашите нови царини дополнително ќе ја изолираат руската економија од глобалната трговија, овозможувајќи Русија да нема корист од меѓународниот систем заснован на правила што таа не ги почитува, изјави британскиот министер за финансии Риши Сунак.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје