Петков: Нема да ја менуваме владејачката коалиција во Бугарија

Од:

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, денеска изјави дека владејачката коалиција е стабилна.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков истакна дека БСП направила голем чекор со усвојувањето на санкциите против Русија, со оглед на големиот број поддржувачи на оваа земја во редовите на нивната партија.

Петков се заблагодари на БСП што ја разликува љубовта кон Русија, што ја споделуваат многу од нивните гласачи, од санкциите поради војната во Украина.

Од друга страна, има безрезервна поддршка за хуманитарната помош, внесуваме камиони со лекови.

-Бугарија е една од земјите кои ја поддржуваат Ук раина, нагласи Петков.

Бугарскиот премиер изјави дека не е подготвен да ја смени БСП во владејачката коалиција со ГЕРБ и ДПС.

Би можело да ве интересира

Поранешниот заменик на Екатерина Захариева е нов шеф на бугарската дипломатија

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

Мицкоски по Самитот во Брисел: Оставете ги билатералните прашања, коишто предизвикуваат емоција, да зборуваме за соработки

Главчев: Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година