Американската потпретседателка го пофали романскиот одговор на миграциската криза

Од:

Американската потпретседателка Камала Харис го пофали хуманитарниот одговор на Романија на бегалската криза предизвикана од војната во Украина.

– Би сакала, за момент, да зборувам директно со Романците, да ви се заблагодарам во име на САД, рече Харис по состанокот со романскиот претседател Клаус Јоханис во Букурешт. – Романија беше извонредна во великодушноста и храброста што ја покажа, рече Харис.

Таа додаде дека Вашингтон е свесен за „особените предизвици“ со кои се соочува оваа источноевропска земја географски.

Романија е транзитна земја за десетици илјади луѓе кои секојдневно бегаат од Украина. Волонтери и локални власти обезбедија помош, како храна и привремено сместување.

За време на нејзината посета на Романија, Харис водеше разговори со Јоханис, како и со премиерот Николае Чиука и други членови на владата во Букурешт, фокусирајќи се на безбедносните предизвици претставени со руската инвазија на соседна Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он