Рама: Би биле лесен плен за секого, но никој ништо не ни може бидејќи сме во НАТО

Од:

Доколку Албанија не е дел од НАТО, таа би била лесен плен за секого, но сега никој ништо не и може, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во разговор во живо со граѓани на Фејсбук.

Според Рама, и Албанија не може, а да не е опфатена со кризата, бидејќи војната ги засегнала сите.

-Војната ги погодува сите, цената на енергенсите е зголемена во соседните земји. Ние не ја зголемуваме цената на енергијата, субвенционираме 80 отсто, што значи милиони. Добро би било да ги остраниме сите даноци, но тогаш со што ќе ги финансираме, рече Рама.

Точно е, додаде тој, дека во Албанија има данок на нафтата и нагласи дека „не мислам дека ако го укинеме правиме добра работа, зашто има цел зошто е воведен“.

-Дали знаете дека во Македонија и Косово плаќаат десет проценти данок. Не велам дека нашето решение е најсовршено, но не можеме да војуваме со фактите. Затоа што имаме најниска минимална плата, од 30.000 лека (245 евра) владата субвенционира семејства со ниски примања. Даноците на платите на малите бизниси се прилично минимални. Да се ​​тргне данокот на нафта и да се стави на плата? Ги прашувате пријателите и роднините што ги имате во Италија, како се чувствуваат во моментов, како се чувствуваат со приходите, одговори Рама со прашање на забелешка на граѓанин околу високата цена на горивата.

Претходно, премиерот Рама на денешната средба со снабдувачите на горива, најави дека ќе се формира Национален одбор за снабдување со горива кој дневно ќе носи одлука за цената на горивата и предупреди дека секој кој нема да ја почитува определената цена од овој орган, ќе ја изгуби дозволата за работа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија