Администраторот и модераторот на „Јавна соба” ќе си останат во куќен притвор бидејќи можат да избегаат

Од:

Обвинителот побара мерката куќен притвор за Дарко Костовски и Михаил Паневски да остане, а судот прифати. Според судијката, таа мерка ќе биде доволна за непречно водење на постапката, а бидејќи постои можноста за нивно бегство. Тие остануваат и без пасоши и лични карти.

„Во казната која е изречена ќе биде засметано и времето поминато во куќен притвор”, кажа судијката.

Мерката ја побара обвинителот.

„Мерката куќен притвор треба да се продолжи до правосилност на пресудата. Пред нив е долга казна затвор што значи дека се мултиплицира опасноста од бегство”, рече обвинителот.

Адвокатот на првообвинетиот Дарко Костовски побара клиентот да се брани од слобода: “Барам овој суд да има во предвид дека мерката куќен притвор треба да ја укине и согласно начелото на пресумција на невиност, но и дека обвинетиот подолго време во куќен притвор, односно помина 13 месеци, казна која би се засметала во затворската казна. Ако се следи праксата на овој суд, треба да се укине мерката. Обвинетиот Костовски покажа и многу добро поведение и почит спрема судот”, рече неговиот адвокат.

За Михаил Паневски, адвокатката рече: “Иако висината на казната ми дава за право да срам поблага мерка, сакам да го напоменам следното: откако беше одреден притвор, ние баравме куќен притвор со гаранција во недвижност. Овој суд односно судскипт совет кој постапува најде за сходно присуството за водењето на потребите на оваа постапка може да се постигне со куќен притвор кој што обвинетиот ја издржува и почитува. Спремни се и понатаму обвинетиот да остане во куќен притвор и од таму да ја докажуваме невиноста. Но сметам дека судот по службена должност ќе ја преиспита оправданоста од мерката куќен притвор и доколку најде за овој обвинет постои можност за мерки на претпазливост, тоа го оставам како одлука на судот”.

Би можело да ве интересира

Фолтин во Јавна соба на „Светско, а наше“

Предраг Петровиќ

Врховниот ги одби барањата за преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Катерина Ѓуровски

По четири години затвор добија обвинетите за порнографијата во „Јавна соба“

Кристијан Ландов

Кочанчанка уценувала жена со објавување на компромитирачки фотографии

А1он

Приведен скопјанец кој уценувал девојка со компромитирачки фотографии

А1он

Судењето за „Јавна соба“ продолжува на 27 август, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата

Катерина Ѓуровски