Захарова: Украина со помош на Пентагон развивала биолошко оружје; САД: тоа е „апсурдно“

Од:

Русија денеска ги повика САД да ја појаснат ситуацијата со, како што тврдат, „воената биолошка програма во Украина“, што Вашингтон ги отфрли како „апсурдни“ дезинформации.

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Русија открила докази за оваа воено биолошка програма за време на „специјалната воена операција“ во Украина, како што Москва ја нарекува руската инвазија во оваа земја.

Захарова тврди дека програмата вклучува и смртоносни патогени како чума и антракс.

„Украина ги негира сите вакви тврдења“, изјави портпаролот на украинскиот претседател.

Портпаролот на Пентагон вчера изјави дека „апсурдната руска дезинформација е очигледна лага“.

Европската унија денеска соопштои дека се сомнева во кредибилноста на тврдењето на руската влада дека открила постоење на воена биолошка програма во Украина.

– Кредибилитетот на информациите што ги нуди Кремљ генерално се многу сомнителни и ниски, изјави портпаролот на ЕУ Петар Стано.

Захарова изјави дека Русија има документи кои покажуваат дека украинското министерство за здравство наредило уништување на примероците на чума, колера, антракс и други патогени по 24 февруари, откако започна руската инвазија.

„Можеме да заклучиме дека во украинските биолошки лаборатории во непосредна близина на територијата на нашата земја се правел развој на делови за биолошко оружје“, изјави Захарова.

Според западните медиуми, ваквите тврдења од Русија е невозможно да бидат независно потврдени.

Захарова тврди дека оваа програма ја финансирал Пентагон. „Овде не зборуваме за мировна употреба или научни цели“, изјави таа, додавајќи дека администрацијата на Бајден ќе мора „службено“ да објасни на светот за што станува збор.

Според Захарова, не е јасно дали наводните материјали се уништени или тие се во рацете на екстремисти и националисти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина