„ВМРО-Народна партија сака да ја потсети македонската јавност дека, уште пред година и половина кога цените на барел – нафта паднаа на 17 долари, јавно повика Македонија да купи по цена од неколку стотинa милиони долари нафта за своите државни резерви“, велат од ВМРО-Народна партија.
„Во исто време тогаш укажувавме на одличниот момент и повикавме Народната банка да купи повеќе злато за поткрепа на државните резерви.
Денеска кога цените на златото, а особено и на нафтата достигнаа досега невидени височини ја потсетуваме македонската јавност дека некои политички партии се уште стратешки размислуваат за македонската држава, а патриотизмот го поткрепуваат врз основа на знаење, а не врз база на пароли“, соопшти ВМРО-Народна партија.