Запален автомобилот на сопругата на Шилегов: Почнаа да пукаат гумите, одма пријавивме

Од:

Во три часот по полноќ, во скопската населба Тафталиџе, настанал пожар во кој изгорел автомобилот кој го управувала Јасмина Шилегова, сопруга на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Покрај нејзиниот, изгорело уште едно возило марка „пасат“, кое било сопственост на комшии на Шилегови. Зафатени биле и две други возила марка „нисан“ и „матиз“. Петре Шилегов за „А1он“ вели дека немал никакви дојави за да се сомнева дека ќе биде запален автомобилот на неговата сопруга.

„Не знам што се случило. Ние пријавивме опожарени возила, едното е џипот на сопругата и другото е пасатот на комшијата. Немам индиции никакви, прерано е да кажам, истрагата е во тек. Очекувам дека полицијата брзо ќе ја заврши истрагата. Нема никакви најави или дојави за таква работа. Стварно не знам. Нема повредени, за жива среќа, бидејќи коли се купуваат, луѓе не. Немам официјално ништо за причините. Бидејќи почнаа веројатно гумите да пукаат, ме разбудија, пријавив одма во Пожарна и полиција.

Од МВР велат дека настанот бил пријавен во три часот по полноќ.

„Настанал пожар во патничко моторно возило ‘ауди’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Ј.Ш. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила ‘пасат’, ‘матиз’ и ‘нисан’ со скопски регистарски ознаки, сите сопственост на Д.М.(53)“, велат од МВР.

Увидот во скопско Тафталиџе и натаму трае.

Би можело да ве интересира

Ние сме најдемократска партија, му одговори СДСМ на Шилегов

Шилегов: СДСМ е заробена партија, ја водат тезгароши

(ВИДЕО) Арсовска до Премиерот: Гледај си ги твоите проекти, кој ќе ти ги одземе тебе ингеренциите?!

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Обвинетите тврдат дека не го запалиле „аудито“ на Шилегови, обвинителот е дециден дека ќе докаже

Ландов

Шилегов: Време е Милошоски да го напушти Собранието, двапати му падна косата до сега

A1on

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и СДСМ цел мандат ништо не направија за загадениот воздух затоа Скопје е на врвот на најзагадени градови