Русите и Украинците утрово се договорија да го почитуваат прекинот на огнот за голем број хуманитарни коридори за евакуација на цивили, изјави вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук.
Како што наведе таа, Москва потврди дека се согласила да го почитува прекинот на огнот од девет до 21 часот по локално време (од осум до 20 часот по средноевропско време) во шесте зони погодени од борбите. Дефинирани се коридори за евакуација на цивили од Енергодар до Запорожје на југот на Украина, од Изиум до Лозов на исток и од Суми до Полтава на североисток, каде вчера по еден коридор веќе се евакуиран и неколку илјади цивили.
Треба да се воспостават и повеќе коридори за евакуација на цивили во Киев, како и од неколку градови што се под силни воздушни напади западно од главниот град, вклучувајќи ги Буча, Ирпин и Гостомел.
Извор: МИА