Опозицијата во Пакистан бара смена на премиерот Кан

Од:

Илјадници приврзаници на опозициската Пакистанска народна партија (ППП) побараа смена на премиерот Имран Кан, обвинувајќи го за лошо економско управување.

– Поднесете оставка за 24 часа и соочете се со нас на избори. Или бидете подготвени за гласање на недоверба, изјави лидерот на ППП, Билавал Буто Зардари, син на убиената поранешна премиерка Беназир Буто.

Зардари на митингот организиран вон Исламабад наведе дека опозицијата ќе поднесе официјално барање за гласање недоверба во Парламентот.

– Ќе имаме повеќе од 172 гласа, изјави Асиф Али Зардари, таткото на Билавал Буто и поранешен претседател на Пакистан.

Опозицијата и политичките аналитичари тврдат дека Кан ја изгубил и поддршката од армијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица