Азиската економска сила Јапонија се согласи да прифати бегалци од Украина и досега им дозволи влез во земјата на осум лица, соопшти денеска Владата во Токио.
– Ќе се соработува со релевантните министерства и тела за „проактивно и експедитивно“ прифаќање на евакуираните од Украина, изјави јапонскиот министер за правда Јошихиса Фурукава.
Јапонија, која се гордее со својата социјална хомогеност, генерално не прифаќа бегалци. Во просек, само околу еден процент од апликациите се одобруваат секоја година.
Во 2020 година, на пример, тој број изнесуваше само 47 од вкупно 3.936 барања.
Извор: МИА