Украинската армија на Фејсбук објави дека во текот на ноќта упаднале на аеродромот кај Херсон и дека уништиле околу 30 руски хеликоптери.
„Утрото во Украина за Русите дефинитивно не започнува со кафе“, пишуваат во соопштението.
Во текот на ноќта, пишуваат украинските сили, нивните војници упаднале на аеродромот кај Херсон. Таму, додаваат, окупаторите стационирале дел од нивната воздушна флота.
„Уништени се 30 непријателски хеликоптери“, пишува украинската армија.
Дополнително, додаваат, уништена е и бројна руска опрема.
Понатаму велат дека во текот на ноќта на приодите кон Николаев биле уништени три руски конвои. Додаваат дека заплениле бројна руска воена опрема.
Украинските власти утринава објавија нови бројки за руските загуби.