Џонсон: НАТО не го доведува во прашање статусот на Русија како светска сила

Од:

НАТО не негува анимозитет кон рускиот народ, ниту го доведува во прашање статусот на Русија како светска сила, изјави премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон во текст за „Њујорк Тајмс“.

„Ние немаме непријателство кон рускиот народ и немаме желба да ја оспоруваме големата нација и светска сила“, наведува Џонсон, истакнувајќи дека „Украина нема сериозни изгледи за членство во НАТО во блиска иднина“.

Британскиот премиер наведува дека руската инвазија врз Украина не е конфликт со НАТО и дека тоа нема да се случи.

„Ниту еден сојузник не испрати борбени трупи во Украина“, вели британскиот премиер.

Британската престолнина во вторник, на 8 март, ќе биде домаќин на лидерите на Вишеградската група (Полска, Чешка, Словачка, Унгарија), кои ќе учествуваат на специјален состанок со Џонсон, а ќе биде посветен на ситуацијата во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Над 30 мртви во масакрот во центарот на Суми

ВИДЕО: Страотен руски напад на Суми, има мртви

Катерина Ѓуровски