Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска изјави дека ќе продолжи да се обидува да помогне во решавањето на кризата во Украина, иако, според него, шансите за успех не се големи, пренесуваат британските медиуми.
Бенет денеска повторно разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, трет пат во последните два дена, потврди портпаролот на израелскиот премиер, без да даде дополнителни информации за разговорите.
Од кабинетот на Бенет вчера соопштија дека израелскиот премиер заминал во ненајавена посета на Москва за да разговара за украинската криза со рускиот претседател Владимир Путин.
Бенет, на барање на Украина, се понуди Израел да посредува во решавањето на руско-украинската криза.
Извор: МИА