Европскиот суд ја прифати жалбата на разрешената судијка Лидија Неделкова

Од:

Европскиот суд за човекови права, смета дека поранешната судијка и претседателка на Врховниот суд, Лидија Неделкова, оправдано се жали за разрешувањето од судиската функција. Оформен е предмет, по кој, ќе се преиспитува законитоста на нејзиното разрешување од Судскиот совет, кој ваква одлука донесе минатата година.

За ова, известување добила и Неделкова, која е поучена дека и натаму може да доставува поднесоци кои би биле докази, во врска со нејзиното разрешување. Таа смета дека се повредени нејзините права и е незаконски разрешена, а откако во Македонија немаше каде да се пожали за да се преиспита одлуката, Европскиот суд за човекови права и беше единствена можност.

Жалбата, Неделкова ја поднесе девет месеци откако беше разрешена од судиската функција. Инаку, постапката против Неделкова се водеше по претставка од сега веќе разрешениот врховен судија Јово Вангеловски. Таа обвинуваше дека пријавите од Вангеловски поради кои таа не работи како судијка, биле поради нетрпеливост бидејќи му поднела кривична пријава за направени злоупотреби.

Неделкова поднесе и кривична пријава против поранешниот претседател на Судскиот совет Киро Здравев и двајца членови, која беше отфрлена. Здравев, пак, за разрешувањето велеше дека е направено поради ненавремено, немарно, несовесно извршување на работните обврски, повреда на Судскиот деловник односно Кодекс за судиска етика.

Би можело да ве интересира

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Ковачевски: Одлуката на ЕСЧП е огромна победа и успех на државава

Влада: Одлуката на Судот во Стразбур е во корист на државата

Пендаровски ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур