Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет

Од:

Константин Петрески е едногласно избран за претседател на Градскиот еко совет на втората седница што се одржа денеска, информираат од Град Скопје.

На седницата за потпретседател на Градскиот еко совет е избран еко активистот од Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, Марјан Калевски.

Градскиот еко совет има за цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина. Советот е составен од дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина.

Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за развојот на Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Зелен Хуман Град поднесе иницијатива за дислокација на Цементарница Усје

А1он

ЗХГ: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерира трујачи

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот