Руската државна телевизија Первиј Канал 1 објави снимка од аеродромот Хостомел во предградието на Киев. Си-Ен-Ен објави дека руските државни медиуми избегнуваат да прикажуваат снимки од првите линии на фронтот, особено од гранатирана цивилна инфраструктура. Нивните извештаи од Украина се фокусираат на помошта што ја дистрибуира руската војска во одредени области зафатени од војна и во регионот на Донбас.
Russian State TV report from Gostomel Airport in Kyiv. Sadly An-225 completely destroyed. pic.twitter.com/9kN04Gkz91
— Aldin ?? (@aldin_ww) March 4, 2022
Си-Ен-Ен пренесува дека видеото објавено денес прикажува новинар на аеродром полн со отпад со разни инактивирани смртоносни средства. Во позадина се слушаат експлозии, а репортерот тврди дека штетата е предизвикана од украинското воено гранатирање на аеродромот.
На снимката се гледаат и остатоците од уништениот Антонов Ан-225, најголемиот авион во светот. Репортерот повторно тврди дека бил уништен од украинските сили, додека украинските сили ги обвинија Русите за истото.