МКС започнува истрага за ситуацијата во Украина

Од:

Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) соопшти дека покренува истрага за ситуацијата во Украина, пренесува „Гардијан“.

Обвинителот на овој суд, Британецот Карим Кан, потсети дека на 28 февруари обелоденил дека бара дозвола да покрене истрага за ситуацијата во Украина, врз основа на претходните заклучоци на неговиот правен тим.

– Ова ги вклучува сите нови наводни злосторства кои спаѓаат под јурисдикција на Меѓународниот кривичен суд, посочи Кан.

Тој, исто така, рече дека го информирал претседателството на МКС за неговата одлука веднаш да започне сеопфатна истрага за ситуацијата.

– Нашата работа на собирање докази штотуку почна, истакна Кан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски